Online курс - Програмирање во Python

course

Python е со причина најбаран програмски јазик во 2020. Иако таа побарувачка порасна заедно со подемот на Data Science, неговата популарност се должи на пред сè, лесната синтакса и широката примена.

 

Колку е широка таа примена говори фактот дека овој програмски јазик е избор за секојдневна работа на компании како Google, Instagram и Amazon. Од друга страна, го користат се повеќе веб-девелопери поради Django и Flask. Поради тоа и потребата од Python програмери на светско ниво постојано се зголемува.

 

Но, можеби клучната одлика на Python e што многу лесно се учи и тоа го прави идеален за прв програмски јазик за корисници без искуство во програмирање. И уште поважно, овој профил на корисници ќе може директно да го примени во автоматизирање на секојдневни процеси! Затоа, може да се каже дека Python e единствениот програмски јазик што не е само за програмери!

 

На овој курс ќе научиш да програмираш во Python преку вистински примери што се користат во IT индустријата. Без разлика дали сакаш да ја започнеш твојата програмерска кариера, да трансформираш и автоматизираш бизнис податоци или да продолжиш во светот на Data Science или Machine Learning овој курс може да биде твојата појдовна точка.

 

Во интерактивна средина преку практични примери ќе научиш сè од основите на синтаксата па до реална примена на Python. Покрај тоа, ќе се запознаеш и со основните програмерски практики и концепти, како и со алатките и библиотеките за Python од сферата на Web Development и Data Science.

 

За кого е наменет овој курс?

 

☑ Секој што сака да се стекне со програмерски вештини

☑ Софтверски инженери што имаат интерес за Python

☑ Маркетери аналитичари со интерес за business analytics и data-driven одлуки

☑ Сите поединци што сакаат да дознаат како да автоматизираат процеси 

☑ Аналитичари од секој сектор што сакаат да го унапредат начинот на работа

 

Дaли е потребно предзнаење за да го посетуваш овој курс?

 

Не, на овој курс ќе започнеме од почеток и ќе научиме се што е потребно за работа во Python.

 

Што ќе научиш на овој курс?

Основни концепти на програмирање, програмерски практики, алгоритми и алатки во Python.

 

 

 

Oд учесниците е потребно​:

- Свој лаптоп (со Windows 7,8 или 10; Mac OS X 10.12.6+; Linux што поддржува Python 3.8)

 


Програма:

Ден 1:

 

Предавање: Вовед во Python, variables, types, basic operators

 

Ден 2:

 

Предавање и вежби: Lists, Strings, String formatting, String operations

 

Ден 3:

 

Предавање и вежби: Conditions, Loops

 

Ден 4:

 

Предавање и вежби : Dictionaries, Tuples, Sets

 

Ден 5:

 

Предавање и вежби: Functions, Multiple function arguments, named function arguments

 

Ден 6​:

 

Предавање и вежби : Serialization

 

Ден 7 :

 

Предавање и вежби: List comprehensions, conditional comprehensions, Generators

 

Ден 8:

 

Предавање и вежби: Modules and packages

 

Ден 9:

 

Предавање и вежби: Classes and objects

 

Ден 10:

 

Предавање и вежби: Class inheritance, method overloading

 

Ден 11 :

 

Предавање и вежби: Error handling and exceptions

 

Ден 12 :

 

Проект: Завршна задача/проект

Запознај ги инструкторите


Лазар Грнаров