Често поставувани прашања

  • 1 Кој може да постави курс на Brainster?
    • Секој може да биде инструктор. Доколку поседуваш практични вештини, пасија за курсот кој ќе го предаваш и желба да и помогнеш на заедницата ти си повеќе од добредојден да поставуваш курсеви.
  • 2 Дали ми е потребно претходно искуство како инструктор?
    • Не ти треба формално искуство како инструктор. На нашата заедница и се потребни инструктори со real-world вештини, не титули.
  • 3 Која е просечната цена за курсевите?
    • За цената за курсевите одлучуваш ти. Но, препорачана цена за курс со времетраење од 4 часа e 600 денари.
  • 4 Дали ќе треба да платам однапред за да го поставам курсот?
    • Ние не наплаќаме за користење на платформата. Можеш да заработиш од 50% до 80% од секој учесник на обуката. Достапни ти се и алатки за самопромовирање на курсевите во форма на модули за купони. Преку овој модул ти се овозможува да заработиш 80% од продажбата на секој курс кој е купен преку купонот кој си го креирал.
  • 5 Како ќе бидам исплатен за курсот?
    • За целата наплата на курсевите се грижиме ние. Клиентите ќе може да ги купуваат картите за курсевите онлајн. Независно дали ти како инструктор си правно или физичко лице исплатата се врши во рок од 10 работни дена.
  • 6 Како Brainster ги промовира курсевите?
    • Дел од нашиот тим е целосно фокусиран на промовирање на сите курсеви кои се поставени на платформата. Користиме повеќе различни канали на продажба во зависност од видот на курсот. Имаме остварено и соработка со повеќе мали и големи компании.
  • 7 Како да најдам локација за одржување на курсот?
    • Доколку немаш простор каде да го одржиш курсот ние ти помагаме при изнаоѓање на перфектната локација. Во зависност од потребниот простор и опрема ние ќе ти понудиме локации како што се co-working простории, простории на факултети, работилници, канцеларии и сл.
  • 8 Кој период од денот/неделата треба да го поставам курсот?
    • Можеш да го поставиш курсот кога ќе посакаш. Но во секој случај наш совет е да се постави преку недела после 17h или преку викендите. Доколку твојот курс трае повеќе од 12 часа тогаш можеш да го одржиш во 4 дена по 3h.
  • 9 Каков курс можам да предавам?
    • Курсевите на Brainster опфаќаат широк спектар на теми, вклучувајќи: технологија, бизнис, маркетинг, дизајн, фотографија, филм, DIY...


Доколку не најде одговор

petar@brainster.co