Политика за приватност

Преамбула

Со оваа Политика за приватност се уредуваат основните принципи и начела при остварување на правата на субјектите на лични податоци како посетители (корисници) на веб страницата https://brainster.co.

Дополнително, со одредбите на оваа Политика за приватност на ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО Скопје („Бреинстер“) и во согласност со Законот за заштита на лични податоци, субјектите на лични податоци како корисници на веб страницата се известуваат за правниот основ за користење на личните податоци, начинот на користење на нивните лични податоци, целта за складирање и обработка на личните податоци, обемот на користење на личните податоци, како и други права за заштита на личните податоци согласно ЗЗЛП. 

ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО Скопје („Бреинстер“) ги собира личните податоци иклучиво од субјектите-носители на лични податоци.

Корисниците на веб страницата на ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО Скопје („Бреинстер“) се советуваат внимателно да го прочитаат овој документ со цел запознавање на кој начин се собираат и обработуваат нивните лични податоци.

Дефинициите кои што се утврдени во оваа Политика за приватност се во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. 

Дефиниции

  1. Корисник. „Корисник“ е дефиниран како личност која има аплицирано и/или е прифатен во процесот на селекција на некои од академиите на Бреинстер: Data Science, UX/UI Дизајн, Графички Дизајн, Front-end Програмирање, Full-stack Програмирање, Software Testing, Human Resources, Project & Product Management, Дигитален Маркетинг и Leadership & Management. Терминот „Корисник“ се однесува исто така и на сите личности кои сакаат да добијат дополнителни информации за гореспоменатите Академии преку Веб страната и составните сајтови на Веб страната на Бреинстер;
  2. Бреинстер. Во овие политики на приватност, „Бреинстер“ ја означува компанијата за интернет едукација ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО Скопје, лимитирана компанија регистрирана под јурисдикција на Република Северна Македонија; 
  3. Академија. „Академија“ ги означува сите неформални едукативни академии кои ги нуди Бреинстер; 
  4. Веб страна. За целите на политиката на приватност, „Веб страна“ ја означува следната веб страна – brainster.co и сите лендинг страници кои се поврзани со тој домеин;
  5. Трета страна. „Трета страна“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или тело различно од субјектот на податоците, контролорот, процесорот и лицата кои, под директна надлежност на контролорот или процесорот, имаат овластување да обработуваат лични податоци; 
  6. Апликациска форма. „Апликациска форма” се однесува на формата прикажана на веб страната на Бреинстер која еден Корисник треба да ја пополни и поднесе за да ги добие нашите услуги;
  7. Кариерен квиз.  „Кариерен квиз“ е еден од продуктите на Бреинстер кој Корисникот може да го користи без никакви наложени обврски, без никакви трошоци, или било какви други форми на обврзување; 
  8. Лични податоци. „Лични податоци” ги означува сите информации поврзани со идентификувана или личност која може да биде идентификувана („субјект на податоци“) директно или индиректно, со помош на идентификатор, како име, идентификациски број, локациски податоци, онлајн идентификатор на еден или повеќе фактори кои може да бидат специфични согласно физичкиот, психолошкиот, генетскиот, менталниот, економско-културниот или социјалниот идентитет на таа личност. За целите на овие Политики на приватност, терминот „Лични податоци“ ќе биде проследен до правни ентитети;
  9. Обработка. „Обработка“ значи секоја операција или збир на активности што се изведуваат на лични податоци или на збирки лични податоци, без оглед дали се со автоматски средства, како што се собирање, снимање, организација, структурирање, складирање, адаптација или промена, преземање, консултација, употреба, обелоденување преку пренесување, дисеминација или ставање на располагање на друг начин, усогласување или комбинација, ограничување, бришење или уништување;
  10. Контролор. „Контролор“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело кое, сам или заедно со други, ги утврдува целите и средствата за обработка на личните податоци каде целите и средствата на таков тип на обработка се наложени и одредени од донесените закони на Република Северна Македонија и General Data Protection Regulation (“GDPR”);
  11. Процесор. „Процесор“ е физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело кое обработува лични податоци во име на контролорот;
  12. Согласност. „Согласност“ на субјектот на податоците значи секое слободно дадено, специфично, информирано и недвосмислено индицирање на желбите на субјектот на податоците со кои тој или таа, со изјава или со јасна потврда, означува договор за обработка на лични податоци што се однесуваат на него. или неа;
  13. Прекршување на личните податоци. „Прекршување на личните податоци“ значи повреда на безбедноста што доведува до случајно или незаконско уништување, загуба, промена, неовластено откривање или пристап до лични податоци пренесени, зачувани или обработени на друг начин;
  14. Надгледувачки авторитет. „Надгледувачки авторитет“ го означува независниот јавен авторитет кој е создаден од Владата на Република Северна Македонија или каде има член-претставник на Европската унија или трета држава која нуди соодветна заштита на правата на субјектот во однос на лични податоци.

     

Збирка на податоци кои се обработуваат:

Лични податоци:

  • Име;
  • Презиме;
  • Е-мејл адреса;
  • Телефонски број.

     

Податоци за уредот на Корисникот или субјектот на обработка на податоци (нелични и неидентификабилни): 

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Бреинстер;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата);
  • Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

 

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. При обработка на лични податоци, доколку апликантот има наполнето 17 години и сѐ  уште не е полнолетен, Бреинстер претпоставува дека истиот добил согласност од неговите родители. Бреинстер не собира ниту обработува лични податоци на апликанти кои имаат помалку од 17 години.  Ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот. 

 

Цели на обработка на личните податоци

Лични податоци и други информации својствени за специфичниот Корисник, опишан во поголеми детали во точка Согласност на овие Политики на приватност ќе се користат за специфични потреби како давање услуги кои содржат неформална едукација, закажување информативни средби и/или тестирање потребно за упис во специфичната Академија, продажба и маркетинг цели, вклучувајќи и емаил кампањи, и информирање на заинтересирани индивидуи. Корисникот(-иците) исто така се согласни да добиваат месечен билтен од Бреинстер и да бидат изложени на маркетинг кампањи. 

Личните податоци и други информации ќе бидат користени од Бреинстер ексклузивно за следните потреби и не смеат да бидат употребувани без дадена согласност од субјектот на личните податоци:

Суштински цели на обработка:

  • Скрининг или селекција во процесот на избирање, купување на услуга која ја нуди Бреинстер или друга дополнителна информативна услуга;
  • Успешно користење на услугите на нефомална едукација во полињата на Data Science, UX/UI Дизајн, Графички Дизајн, Front-end Програмирање, Full-stack Програмирање, Software Testing, Human Resources, Project & Product Management, Дигитален Маркетинг и Leadership & Management.

Секундарни цели на обработка

  • Понатамошна обработка на нивниот физички идентитет преку видео или телефон кога е селектиран или примен на специфичната Академија за да се оствари курикулумот кој се одржува онлајн во чиишто случаи часовите и лекциите ќе бидат одржани преку видео и комуникациски сервис одбран од Бренстер кој нуди соодветни нивоа на заштита и сигурност.;
  • Подобрување на искуството и информациите кои ги нуди вебстраницата на Бреинстер;
  • Директен маркетинг;
  • Промоција на нови продукти;
  • Олеснување на процесот на скрининг или селекција при користење на услуга;
  • Анализа и спроведување на истражувања;
  • Персонализирани реклами и комуникација за маркетинг цели;
  • Подобрување на квалитетот на постоечките продукти;
  • Исполнување на тeхнички барања за обезбедување на нашите продукти, тестирање на алгоритми и подобрување на искуството на корисниците. 

 

Согласност

 

Корисникот се согласува дека со давање на следните информации на Веб страната т.е. со впишувањето на нивната емаил адреса, име и презиме и телефонски број преку апликациската форма, свесно дава согласност на Бреинстер за обработување на личните податоци од Корисникот за горенаведените цели за обработка на личните податоци. 

 

Повлекување согласност

Корисникот може да ја повлече дадената согласност во било кое време и поради било која причина. Повлекувањето на согласноста и сите рамификации ќе бидат адресирани од Корисникот на контактот кој е наведен во Контакт точката од Политиките на приватност. 

 

Известување за нарушување на заштита на личните податоци

Доколку се случи нарушување на заштитата на личните податоци, Бреинстер, т.е. Контролорот, без никакво задоцнување е должен да извести за настанатото нарушување не подоцна од 72 часа по сознанието дека нарушувањето е случено, да ги извести надгледувачкиот авторитет за настанот, освен ако нарушувањето на личните податоци не е веројатно да резултира со ризик на правата и слободите на Корисникот. Доколку известувањето до надлежниот авторитет не е доставено во тие 72 часа, ќе биде придружено со образложение за причината на задоцнувањето. 

Доколку нарушувањето на личните податоци е веројатно да резултира со висок ризик на правата и слободата на Корисникот, контролорот, т.е. Бреинстер, има обврска да ја искомуницира нарушувањето на личните податоци на субјектот без никакво доцнење. Споменетата комуникација до субјектот на податоци треба да ја опише природата на нарушувањето на личните податоци на јасен и некомплексен јазик и треба да го содржи следново:

  • Името и контакт инфо на офицерот на заштита на податоци, или друг контакт од каде може да се добијат повеќе информации;
  • Можните последици од нарушувањето на личните податоци;
  • Мерките кои се превземаат или се предложени да се превземат од Бреинстер за да се адресира нарушувањето на заштитата на личните податоци, вклучувајќи, каде што е возможно, мерки за да се намали ризикот или ефектот од настанот. 

Корисникот разбира дека може да не биде информиран за нарушување на личните податоци согласно точка 23, член 3 од Регулативата за заштита на јавни податоци, објаснето во претходниот параграф.

 

Барање за потврда на нарушени права за заштита на лични податоци

Доколку корисникот смета дека твоите права за заштита на лични податоци се нарушени, може да поднесе Барање на следниот линк: https://azlp.mk/en/ каде чекорите за пополнување се објаснети во детали, согласно член 97 од законот за заштита на лични податоци. 

 

Права за пристап

Корисникот има право да добие потврда од Бреинстер дали личните податоци кои го засегаат Корисникот се обработувани, причините за обработување, категориите на податоците кои се обработуваат, кои други ентитети ги обработуваат податоците, периодот во кој податоците се чуваат, а кога не е возможно, критериумот по кој се одредува периодот во кој податоците се чуваат, постоењето на правата за поправка или бришење на тие податоци, правото да се поднесе жалба до надлежно авторитетно тело, изворот на податоците, вклучувајќи и профилирање според тие податоци. 

Дополнително, на Корисникот ќе му биде приложена копија од неговите лични податоци, во електронски формат, без никакви трошоци и наплати.

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, корисниците односно субјектите на лични податоци можат во било кое време да побараат од страна на Бреинстер да добијат потврда дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат да добијат пристап до личните податоци и до следните информации:

  • Целите на обработка;
  • Категориите на личните податоци кои се обработуваат;
  • Предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци;
  • Правото да се бара од Бреинстер исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката;
  • Правото на поднесување на барање до Агенцијата согласно со член 97 од ЗЗЛП;
  • Ако личните податоци не се собрани од субјектот на лични податоци, информации за изворот, односно од каде се добиени личните податоци.

     

Право на исправка

Корисниците на нашата веб страница имаат право да побараат и да добијат од нас во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето, исправка на нивните неточни лични податоци. Земајќи ги во предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.

 

Право за бришење на податоци

Корисниците имаат право нивните лични податоци да бидат избришани од страна на Бреинстер, без неоправдано доцнење. Бреинстер има за право да ги избрише личните информации на тогаш Корисникот, а сега субјект на податоци доколку едно од следново е валидно: 

  • Личните податоци не се повеќе потребни за целите за кои тие податоци се собрани или обработени;
  • Субјектот на податоци ја повлекува согласноста која овозможува нивна обработка; 
  • Личните податоци мора да се избришат согласно некоја правна или законска обврска.

     

Право на ограничување на обработката

Корисниците имаат право да бараат ограничување на обработката на нивните лични податоци од нас доколку е исполнет еден од следните услови:

  • Точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на лични податоци, за период кој ни овозможува да ја провериме точноста;
  • Обработката на личните податоци е незаконска и корисникот се спротиставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;
  • Бреинстер повеќе нема потреба од обработка на личните податоци, но субјектот на лични податоци ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

     

 

Сигурност

Бреинстер ги штити личните податоци на корисниците на веб страницата користејќи високи технички, физички и административни безбедностни мерки со цел минимизирање на ризикот од била каква загуба, злоупотреба, неовластен пристап, откривање и промена на личните податоци. Како мерки за заштита и сигурност на Вашите лични податоци се високи нивоа на контрола, користење трети продукти чија цел е исклучиво заштита на податоци од било која природа, како и сопствената политика и алатки на Бреинстер НЕКСТ за заштита на лични и информации од друга природа. Доколку сметате дека вашите лични податоци се злоупотребени, односно имате причина да се сомневате во злоупотреба на личните податоци, контактирајте не без одлагање на нашата е-мејл адреса.

 

Споделување на лични податоци

Бреинстер се обврзува дека нема да ги споделува личните податоци на субјектот на трети страни.
На претходниот исказ, од друга страна, Бреинстер смее да споделува информации со авторитетни и владини тела каде е наложено, морално, и согласно Законот.

 

Чување на податоци

Личните податоци се чуваат на платформи од трета страна кои служат за менаџирање на клиенти и информации од користини кои се заштитени со креденцијали согласно нивото за заштита кое го нудат овие платформи (Трети Страни). Пристап до оваа база на податоци не може јавно да се пристапи, значејќи дека пристапот ексклузивно е овозможен само за Бреинстер.

 

Колачиња (Cookies) и употреба на трети продукти (third party products) 

Корисникот се согласува дека користењето на Колачиња (Cookies) за една или сите од следното е потребно за Бреинстер да може да нуди услуги на своите Корисници: автентикација, заштита, рекламирање, перформанс, аналитика и истражување. 

Бреинстер пак, изјавува дека Google Analytics и Hotjar се инкорпорирани на Веб страните со цел да мери како Веб страната се користи од Корисниците и други посетители за да може да генерира извештаи за внатрешната работа на Бреинстер. Google Analytics и Hotjar не собираат лични и идентификабилни информации за Корисниците.

 

Измени во политиката за заштита на личните податоци

 

Политиката за заштита на приватноста може да претрпи измени и за нив ќе можете да прочитате секогаш кога ќе пристапите на Веб страната на Бреинстер, а датумот на последната измена ќе биде наведен најдолу во објавата. Ве молиме да се информирате за да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користењето на Вашите лични податоци.

 

Контакт

Целосен назив на контролорот: Компанија за интернет едукација Бреинстер ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО Скопје

Адреса на седиште на контролорот: ул. Васил Ѓоргов бр. 19, 1000 Скопје
Е-мајл адреса: [email protected]
Офицер за заштита на лични податоци: Ивица Пешовски
Е-mail: [email protected]
Телефон: +389 71 377 772

*Линк до барање за доставување информации за обработка на лични податоци

*Линк до барање за запирање на обработка на лични податоци

*Линк до барање за дополнување, измена или бришење на информации за

обработка на лични податоци

Аплицирањето за ваучер заврши!

Биди и ти дел од нашите успешни приказни