Профил

Билјана Димовска

Билјана Димовска

Digital Marketing Specialist

Биографија

Билјана е SЕО професионалец повеќе од 9 години. Најголем дел од своето знаење и искуство го здобила на SЕО проекти во рамките на дигитал маркетинг агенции од Обединетото Кралство (UK) и Обединетите Американски Држави (USA).  

Во моментов е ангажирана како Digital Marketing Manager во IT Labs во Скопје. Нејзината работа тука често бара да настапи во улога на консултант за клиенти од американскиот пазар заради подобра имплементација на нивните бизнис потреби во софтверските решенија.

Покрај овој ангажман нејзиното портфолио на хонорарни SEO проекти е постојано активно. Некои од овие хонорарни клиенти остануваат под нејзина закрила повеќе од 4 години.

Како сертифициран Google AdWords Professional, Билјана знае како да ги искористи атрибутите на AdWords платените реклами и SEO-то во согласност со потребите и бизнис целите на соодветни клиенти.

Други интересни информации за Билјана

- SEO Предавач

- Дипл. Електро Инженер при Универзитетот “Кирил И Методиј” - Скопје

- Првиот Секретар и Ко-Основач на EESTEC Skopje

- Сопруга на Дарко и мајка на Филип и Јана

- Страствен гледач на Game of Thrones, Britania, Knightfall и што ќе препорачате следно :)

- Ако идеме на пиво, ќе пие кафе :)


Во моментов Билјана не е учесник на ниту еден курс.