Профил

Љупка  Наумовска

Љупка Наумовска

Основач на маркетинг агенција - Honeybiz и доцент на Универзитет за Tуризам и Mенаџмент - Скопје

Биографија

Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус преку 11 години е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон Односи со Јавност, Бренд менаџмент, Интегрирани Маркетинг Комуникации и интерен маркетинг. 

Таа е основач и директор на Honeybiz – агенција за Маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. 

Истовремено е консултант на ЕУ проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.

На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група на предмети од областа на комуникации на Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје.

Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартапи и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено – одговорна природа насочени кон категорија загрозени деца од социјален и здравствен аспект. 

Најголема професионална амбиција и е интеграцијата на социјалната одговорност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидицсиплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми.


Веб-локација


Во моментов Љупка не е учесник на ниту еден курс.