Секој може да биде инструктор

Започни со наслов за курсот што би сакале да го предавате

Зошто да бидеш инструктор?

Придонеси во заедницата

Секој поседува вештини или знаења од кои другите може да имаат корист. Затоа, креирај курс и сподели го твоето знаење со останатите. Направи позитивни промени на заедницата.

Можност за дополнителна заработка

Преку Braisnter ти се отвора можност за дополнителна заработка. Ќе заработиш од 50% до 80% од секој учесник.

Вмрежи се со луѓе со слични интереси

Ова е местото каде што ќе ги најдеш луѓето кои ја делат твојата пасија, да се вмрежиш со луѓе со слични интереси, да договориш партнерства, да го најдеш талентот кој ќе работи во твојата компанија или да оствариш трајни пријателства.

Градење на личен бренд

За да се издвоиш од толпата ќе мора да работиш на градење на твојот личен бренд. Brainster ти нуди одлична можност да се издвоиш како експерт во твојата област, да воспоставиш углед и кредибилитет и да добиеш признание од заедницата.

Како ќе функционира

1 Креирање на курсот

Креирањето на курсот ќе ти одземе неколку минути. Ти ја одредуваш цената, темата на курсот, локацијата, бројот на посетители, времето и времетраењето на курсот. Ќе напишеш и збор-два за тебе и курсот е веќе излистан на платформата.

2 Промоција на курсевите

Кога твојот курс ќе биде излистан на платформата започнуваме со промоција. Користиме повеќе различни маркетинг канали во зависност од типот на курсот - од користење на социјалните медиуми до соработка со компании и организации. Но исто така те охрабруваме и ти самиот да си го промовираш својот курс, при што ќе добиеш 80% од продажбата за секој курс продаден преку твоја промоција.

3 За време на курсот

Тука се случува магијата. Ти им го пренесуваш твоето знаење на посетителите и учите еден од друг. Не се плаши да спореведеш нови методи на предавање и на пренесување на знаењето. Не заборавај, ние секогаш ќе те подржиме со предлози и еден куп совети.

ЧПП за креирање на еден курс

  • 1 Кој може да постави курс на Brainster?
    • Секој може да биде инструктор. Доколку поседуваш практични вештини, пасија за курсот кој ќе го предаваш и желба да и помогнеш на заедницата ти си повеќе од добредојден да поставуваш курсеви.
  • 2 Дали ми е потребно претходно искуство како инструктор?
    • Не ти треба формално искуство како инструктор. На нашата заедница и се потребни инструктори со real-world вештини, не титули.
  • 3 Која е просечната цена за курсевите?
    • За цената за курсевите одлучувш ти. Но препорачана цена за курс со времетраење од 4 часа e 600 денари.
  • 4 Дали ќе треба да платам однапред за да го поставам курсот?
    • Ние не наплаќаме за користење на платформата. Можеш да заработиш од 50% до 80% од секој учесник на обуката. Достапни ти се и алатки за самопромовирање на курсевите во форма на модули за купони. Преку овој модул ти се овозможува да заработиш 80% од продажбата на секој курс кој е купен преку купонот кој си го креирал.
  • 5 Како ќе бидам исплатен за курсот?
    • За целата наплата на курсевите се грижиме ние. Клиентите ќе може да ги купуваат картите за курсевите онлајн. Независно дали ти како инструктор си правно или физичко лице исплатата се врши во рок од 10 работни дена.
  • 6 Како Brainster ги промовира курсевите?
    • Дел од нашиот тим е целосно фокусиран на промовирање на сите курсеви кои се поставени на платформата. Користиме повеќе различни канали на продажба во зависност од видот на курсот. Имаме остварено и соработка со повеќе мали и големи компании.
  • 7 Како да најдам локација за одржување на курсот?
    • Доколку немаш простор каде да го одржиш курсот ние ти помагаме при изнаоѓање на перфектната локација. Во зависност од потребниот простор и опрема ние ќе ти понудиме локации како што се co-working простории, простории на факултети, работилници, канцеларии и сл.
  • 8 Кој период од денот/неделата треба да го поставам курсот?
    • Можеш да го поставиш курсот кога ќе посакаш. Но во секој случај наш совет е да се постави преку недела после 17h или преку викендите. Доколку твојот курс трае повеќе од 12 часа тогаш можеш да го одржиш во 4 дена по 3h.
  • 9 Каков курс можам да предавам?
    • Курсевите на Brainster опфаќаат широк спектар на теми, вклучувајќи: технологија, бизнис, маркетинг, дизајн, фотографија, филм, DIY...