Услови на употреба

1. Генерални одредби

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација, Вие („Вие", „крајниот корисник", „Вас") се согласувате со Условите на употреба дефинирани подолу. Со овие услови за користење се дефинираат прават и обврските за користење на веб сајтот на Brainster и неговите услуги и функционалности. ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО е сопственик на веб сајтот www.brainster.co, во понатамошниот текст („Ние", „Нашиот", „Brainster", „Brainster.co", „Платформата").

Веб сајтот www.brainster.co може да го користат сите правни лица и сите физички лица на возраст од 18 години или повеќе.

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСИТЕ ВЕБ САЈТОТ www.brainster.co, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊЕ ПРЕКУ ВЕБ САЈТОТ И НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА ДОСТАПНА НА ВЕБ САЈТОТ.

Brainster овозможува онлајн услуга преку веб страната brainster.co. Преку веб сајтот brainster.co одредени физички лица и одредени правни лица („Инструктори", „Продавачи") ќе можат да продаваат карти за курсеви („Услуги"). Единствено инструктрите се одговорни пред вас за квалитетот на услугите кои ги нудат и продаваат. Сите понуди и цени на сајтот можат да се променат во било кое време без претходно известување. Brainster го задржува правото да одбие давање на услуга или пристам на веб страната на било кое физичко лице или правно лице во било кое време поради било која причина.

Правото на користење на Brainster е лично на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Brainster нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлзе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци. Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице.

Корисникот признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на и ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО не сноси одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку Интернет. Иако цел на ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО е brainster.co да биде достапен 100% од времето, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања.

Крајниот корисник е одговорен за стекнување и одржување на сопствената компјутерска опрема, вклучувајќи го целиот софтвер и хардвер кој го поседува и користи, како и друга опрема потребна за пристап и користење на Интернет и сите поврзани трошоци. Компанија ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник кои можат да произлезат со користењето на Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО, пристапот до brainster.co може да биде прекинат или суспендиран од време на време. Brainster го задржува правото во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

Сите материјали содржани на веб сајтот brainster.co се ексклузивно право на компанијата ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО, или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, Длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО е СТРОГО ЗАБРАНЕТО! Прекршување на општите услови и употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и / или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Brainster го задржува правото во било кое време да го измени или прекине било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политика за заштита на лични податоци. Ако Brainste направи суштински промени ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин, преку испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви суштински промени на овие Услови на користење и/или Политика за заштита на лични податоци ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот веб сајт. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува brainster.co за да дознае за такви промени. Секое користење на веб сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

Производите и услугите објавени на веб сајтот brainster.co мора да бидат во согласност со соодветната важечка регулатива во Република Македонија. Во случај на спор товарот за усогласеноста на производите и услугите со позитивното законодавство на Република Македонија, товарот на докажување на усогласеноста паѓа на продавачот.

Компанија ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО не е одговорна за било каква содржина која како корисник, претплатникот или неовластено корисникот може да ги постави на веб страната. Компанија ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО го задржува правото да модифицира, адаптира, промена, врши бришење или отстранување на било која содржина што се смета дека е несоодветна.

Крајниот корисник се согласува да ја обештети, а нема да ја смета одговорна компанија ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО против сите барања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи правни трошоци, кои можат да произлезат од користењето на веб-страната на крајниот корисник.

Дополнителни услови на употреба:

Со регистрација, односно со внесување на Вашaта е-маил адреса во делот за регистрација, Вие исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци, лоцирана на следниот линк: XXXXX

2. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека вие не се придржувате на Условите на употреба го задржуваме правото да ви го ограничиме пристапот до веб сајтот.

Корисникот се обврзува во процесот на користење на услугите што ги обезбедува Brainster, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои не се во согласност со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои се предмет на интелектуална сопственост на трети лица, освен со согласност со носителот на правото;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои се заштитени со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, убедување, политичка припадност, личен или јавен статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било кои други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

Корисникот не смее на овој веб сајт да ја поставува, објавуваат или на друг начин ги стави на располагање било какови материјали кој се предмет на авторски права, заштитен знак или други права на интелектуална сопственост, без директна согласност на носителот на тие права. Компанија ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО не е обврзана да го извести крајниот корисник, или да му помогне да се утврди дали материјалот е предмет на авторски права. Крајниот корисник е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторски права, заштитен знак и друга злоупотреба на правата на интелектуалната сопственост, или било кои прашања кои произлегуваат во врска со објавувањето на таквиот материјал. Со поставување материјали на јавниот дел на оваа веб-страна, крајниот корисник изјавува дека носителот на правата на овие материјали и експлицитно и дозволува на компанијата ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО времено или просторно неограничено, бесплатно, постојан, неповратно, не-ексклузивно право и лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, адаптирање, објавувањњ и дистрибуција на таков материјал (делумно или во целост). На крајниот корисник е исто така дозволува на други крајни корисници кои што пристапуваат на право на гледање, или репродукција на овој материјал за нивна сопствена употреба. Со ова крајниот корисник и дава на право на компанијата ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО да модифицира, копира, објавува и дистрибуира било каков материјал достапен на крајниот корисник на веб сајтот brainster.co

Крајниот корисник изречно се согласува дека со користењето на веб-страната на brainster.co исклучиво е одговорен на крајниот корисник така што компанијата ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО не гарантира (I) за последиците кои можат да резултираат од употребата на оваа веб страна, или (II) НА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА НЕКОИ ИНФОРМАЦИИ, услуги или стоки направени преку оваа интернет страница.содржат лични податоци за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и применa;

Крајниот корисник не смее да објави материјали кои претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на надлежен орган;

3. Услови на купување/ продавање

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

Сајтот им овозможува на регистрирани корисници и посетители можности да ги прегледаат поставените курсеви, да излистаат курс, да постават мислења, совети, рејтинзи, дискусии, коментари, пораки, одговори и други комуникации, како и поставување на датотеки, слики, фотографии, (колективно, "содржини") преку форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со овој сајт од време на време. Потребно е да имате Brainster профил за да можете да поставите содржина. Ако поставите било каква содржина на веб сајтот brainster.co гарантирате дека вие сте креатор на содржината. Brainster има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна Brainster, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa.

Крајниот корисник експлицтно се согласува дека го користи веб сајтот на Brainster под негова одговорност. Brainster и неговите подружници, вработени, продавачи, агенти, соработници, директори, не гарантира дека I)користењето на веб сајтот ќе биде непрекинато, или за II) Резултатите кои можат да се добијат од користењето на веб сајтот, или за III)точноста на содржината, или за IV) квалитетот на услугите понудени од продавачите (инструкторите). Крајниот корисник може да ја откаже нарачката 24 часа пред почетокот на курсот. Во таков случај вредноста на нарачката ќе би биде вратена во форма на кредити поврзани со Вашиот кориснички профил кои ќе може да ги искористите во иднина при правење на нови нарачки на Brainster.

Купувањето преку веб сајтот brainster.co се прави со клик на копчето ПРИЈАВИ СЕ и со едноставно пополнувањето на формуларот за НАРАЧКА кој brainster.co го генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување. По извршувањето на нарачката на купувачот на е-маил адресата со која се има регистрирано на brainster.co ќе му пристигне карта за курсот. Brainster нема никаква одговорност доколку купувачот не ја провери е-маил поштата или пак се регистрирал со погрешна адреса. За бесплатните курсеви бројот на посетители на курсот е ограничен од страна на инструкторот а на истиот можат да аплицираат за учество неограничен број на посетители, но ние го задржуваме правото да одбереме кој посетители ќе го посетат курсот.

Инструкторите може да го избришат курсот кој го поставиле на платформата само во случај кога нема регистрирано учесник на курсот. Бришењето на курсот може да се иврши преку порака на нашата е-маил адреса.

Ние го задржуваме правото да ја одобриме и правото да ја одбиеме секоја понуда за курс од продавачот (инструкторот).

Со цел да ја подобриме продажбата на вашите курсеви Brainster го задржува правото да ги користи содржините кој вие ги имате поставено на brainster.co за маркетинг цели.

4. Сопственост на веб сајтот

Сајтот, целата содрижина на сајтот и инфраструктурата која се користи се сопственост ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО. Со користење на овој сајт Вие се согласувате со сите правила и услови изнесени во овој текст. Ние ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО. Вие се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО.

Braisnter содржи линкови од веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од трети лица. Ние изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни одржувани од трети лица. Крајниот корисник ги посетува овие веб сајтови на свој ризик.

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата ЦБЦ КОЛЕКТИВ ДОО, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.